Зошто копривата мора да биде дел од вашата редовна исхрана?

од Elena Daskalova
420 прегледи

Во овој период младата и свежа коприва ни е достапна во природата и на пазарите, а нејзините позитивни бенефити по нашето здравје се многубројни.

Ако ја исушите, како што се суши природен чај, тогаш можете да ја користите исто како чај или како зачин во повеќе видови јадење. Свежата коприва многумина ја подготвуваат на сличен начин како и спанаќот, а некои дури и умеат да направат фил за пита од неа.

Таа изобилува со силни антиоксиданси, витамини и минерали, ги чува забите и коските, како и еластичноста на крвните садови, ја подобрува меморијата, кај мажите ја штити простатата, влијае врз нивото на железо и ги олеснува тегобите предизвикани од артритис.

Препорачлива е за луѓе склони кон алергии. Дневно можете да пиете и до три шолји чај од коприва. Идеално се комбинира со ајдучка трева, шипинка, липа или бозел.

Копривата има природни антивоспалителни дејства и ги смирува инфламаторните процеси во вашето тело.

Слични содржини