Зошто луѓето се смалуваат како што стареат?

од Stefanija Kuzmanovska
905 прегледи

Доколку доволно долго пазарите во ист супермаркет сигурно ќе ви пријде постар човек кој ќе ве замоли да му подадете предмет од горната полица. И иако може да изгледа невозможно да се замисли нашата иднина да се соочува со слични проблеми во купувањето намирници, реалноста е дека ‘рбетниот столб се намалува по триесеттата година.

Причините за овој постепен процес се различни, а можеби најочигледната е зголемувањето на искривувањето на ‘рбетот. Подгрбавеноста поврзана со стареењето е позната како кифоза и се јавува кога нашите мускулни влакна се намалуваат со возраста. Како последица на тоа, мускулите кои го опкружуваат ‘рбетот стануваат послаби и почнуваме да ја губиме битката против гравитацијата, а на крајот ја губиме способноста да стоиме исправено.

За среќа, кифозата не е неизбежна, може да се избегне со одржување на активен животен стил и редовно вежбање. Идеално, тоа е нешто кон кое сите треба да се стремиме во текот на нашиот живот, и многу е полесно да се избегне кифозата со тоа што ќе останеме активни како што старееме, отколку да се обидеме да ја промениме преку вежби кога ќе остареме.

И додека грбавоста не е исто што и смалувањето, другите процеси поврзани со стареењето предизвикуваат буквално да станеме пониски.

Меѓу најзначајните двигатели на ова смалување е намалувањето на густината на коските, за кое се верува дека е предизвикано од намаленото лачење на два хормона, естроген и тестостерон, како што старееме.

Што го влошува овој процес?

Недостатоците на витамин Д и намалената бубрежна апсорпција на калциум во староста може да го влошат овој процес, понекогаш доведувајќи до болест на коските позната како остеопороза.

Како што коските стануваат послаби и порозни, пршлените што го сочинуваат нашиот ‘рбет може да се нагмечат под нашата сопствена тежина, создавајќи фрактури познати како фрактури на компресија.

Изненадувачки, повеќето фрактури на компресија се безболни, поради што обично не забележуваме дека нашите ‘рбети стануваат покомпактни со текот на времето. Меѓутоа, како што овие фрактури се акумулираат и повеќе од нашите пршлени се нагмечуваат, таа горна полица во маркетите може да стане сè потешко достапна.

Овој ефект често се влошува со дегенерација на ‘рбетните дискови, кои се наоѓаат помеѓу нашите пршлени и делуваат како амортизери. Од нашите 30-ти па натаму, овие дискови може да почнат да се сушат, станувајќи се помалку крути бидејќи губат вода, пишува IFL Science.

Со 23 дискови во ‘рбетниот столб, потребно е само неколку од нив да се намалат во висина за неколку милиметри пред да почнеме да забележуваме дека се смалуваме.

За жал, истегнувањето веројатно нема да ве направи повисоки, иако здравиот начин на живот може да спречи предвремено смалување.

Исхраната богата со витамин Д и калциум, на пример, може да им помогне на коските да останат млади и да го минимизираат ризикот од фрактури на компресија, додека редовното вежбање исто така ги одржува коските цврсти и ги намалува шансите за развој на остеопороза.

Слични содржини