Зошто Мизрахи и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ молчат за континуитетот на Мицкоски со Ванчо Михајлов, прашуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
143 прегледи

Христијан Мицкоски лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со ликот и делото на Ванчо Михајлов и побара тоа да се почитува, соопштија утрово од СДСМ.

Според нив, „со таквото однесување Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ“.

-Но зошто на ова молчат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што е одговорот на Рашела Мизрахи кога нејзиниот лидер Мицкоски бара и од неа како континуитет на сегашното ВМРО-ДПМНЕ, да го почитува соработникот на Третиот Рајх, Ванчо Михајлов, истакнуваат од владеачката партија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не се оградува од својот дамнешен претходник, некогашниот лидер на ВМРО Ванчо Михајлов, кој во македонската јавност е перципиран како контроверзен историски лик,

– Не мора да се сложиме со тоа што го правеле претходниците и со тоа како раководеле со организацијата. Ќе помине деценија, па некој друг во иднина можеби со нас нема да се согласува. Не значи дека сме се сложувале со тие политики. Континуитетот што сме го презеле треба да се почитува, ние сме партија за македонско национално единство. Да се задржиме на денешницата и да гледаме кон иднината – категоричен е Мицкоски.

Слични содржини