Зошто на Мицкоски му пречи реализацијата на Коридорот 8 и што над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните компании, прашуваат од Бихаќка

од Vladimir Zorba
202 прегледи

„Додека СДСМ по 30 години чекање, ги гради делниците од коридорите 8 и 10Д, Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица секојдневно шири лажни вести“, реагираат од СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ водат хајка против реномираната американска компанија Бехтел, противејќи се на најголемата инфраструктурна инвестиција вредна 1,3 милијарди евра.

Зошто на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи што конечно ќе се реализира Коридорот 8, зошто им пречи што над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните компании и на крајот, чиј монопол штитат тие со противењето македонската економија покрај пристаништето во Солун, да добие алтернативи во пристаништата во Драч и Бургас?

И додека јавноста чека одговори, додека хајката од Белата палата не стивнува, градоначалниците на Мицкоски ги уназадуваат и задолжуваат општините.

Зголемени долгови, партиски вработувања и задолжување на граѓаните, раце во мед за тендери и провизии, тоа е се што знаат и умеат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, се додава во реакцијата.

Слични содржини