Зошто настрадаа толку луѓе во пожарите во Атина?

од desk2
140 прегледи

 

Додека грчката престолнина ги санира катастрофите од пожарите, ги брои жртвите и трага по исчезнатите, сите се прашуваат како е можно да настрадаат толку луѓе.

За една ноќ пожарите во предградите на Атина се проширија со толкава брзина па во еден момент имаше десетина на три локации истовремено.

Некои предградија како Мати потполно се уништени, а сведоци од тој дел на Атина велат дека било како Трета светска војна.До сега официјално загинаа 80, а повредени се 200 луше.

Потрагата по исчезнати се уште трае, а по социјалните мрежи се направени цели акции за потрага по членови на семејствата и роднини. Материјалната штета е огромна.

Едно од прашањата кое се поставува е како е можно да има толку жртви во престолнина на една европска држава. Одговорот на тоа прашање побара новинар на „Скај њуз“. Тој тврди дека евакуацијата на луѓето била организирана на време и дека тоа не е причина за високиот број настрадани.

„Иако бројот на жртви е многу висок, многу луѓе се евакуирани. Евакуацијата не е лошо спороведена, туку пожарот беше толку силен и дојде толку брзо што луѓето не можеа да побегнат. Снимките од бегање се толку хаотични. Пламенот зафаќа конвои со автомобили, а луѓето излегуваа и бегаа кон морето. Некои во тоа успеаја, а некои не. Затоа ситуацијата беше неизвена за илјадници луѓе кои заглавија во пожарот“, објаснува тој, пренесе Index.hr.

Неговата приказна ја потврдува и жител на Мати предградие кое најмногу страдаше од пожарот и вели дека сам бегал од огнената стихија, им помогнал на две жени заробени во автомобил зафатен од оган, но во тоа не успеал.. „Зборуваме за катастрофа од библиски размери во ова прекрасно подрачје околу Мати“, вели тој.

Исто така, Димитри Пирос, шеф на медицинските служби, на Националниот центар за итна помош, за BBC вели дека луѓето претрпеле страшни повреди поради брзината со која шумскиот пожар се проширил: „Огнот дојде како од фрлач на пламен“, вели тој.

Посебна опасност се подземните пожари како и запалени делови од дрвја како шишарки кои летаат по неколку метри во воздух во правец каде дува ветрот, а вчера во Атина дуваше силен ветар. Така, пожарот се прошири со неверојатна брзина.

И преживеаните сведочат дека се се одиграло за неколку минути и дека за еден час се било уништено.