Зошто не треба да носите иста облека два дена по ред?

од Nikola Popovski
883 прегледи

Веројатно сте дошле до идеја да ја носите истата облека што ја носевте претходниот ден. Сепак, иако се уште мириса убаво, веќе е покриена со бактерии и пот. Доколку не ја менувате секој ден, тоа може да предизвика непријатни последици.

Ако носите, да речеме, иста маица неколку дена, може да се појават акни на грбот и градите. Со тоа се шират бактерии и пот, па затоа доаѓа до ситуација да имате затнати пори и акни, пишува порталот „Брајт Сајд“.

Дополнително, може да се појават повеќе иритирачки состојби на кожата како што се осип, црвенило и чешање. Едноставно кажано, потта од маицата ја иритира кожата и доведува до црвенило, мали дамки и чешање.

Ова особено се случува кога маичката е изработена од синтетички материјали. Повеќето бактерии се создадени поради потта и мртвите клетки на кожата.

Исто така, запомнете само каде сте биле со маицата и на кои површини сте се потпреле – биро во канцеларија, лифт, седиште во јавен превоз… На тие места има туѓи бактерии, а вие не сакате да ги пренесете во вашето тело. Затоа, после секое носење, дури и пократко, маичката ставете ја на перење, пренесува „Вечерњи лист“.

Слични содржини