Зошто новата варијанта на корона ги загрижи научниците?

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Научниците сугерираат дека Британците можеби ќе треба повторно да носат маски бидејќи во повеќе земји е пријавена нова варијанта на коронавирусот.

Новата варијанта се вика BA.X, а наводно веќе се појавила во Данска и Израел, иако тоа се уште не е потврдено.

Некои научници веќе бараат воведување нови мерки, но други велат дека е рано да се утврди дали варијантата може да доведе до нова пандемија, пренесува N1 Загреб.

Д-р Триша Гринхалг, меѓународно познат експерт за примарна здравствена заштита на Универзитетот во Оксфорд, на Твитер објави: „Изгледа дека е повторно време да се воведат маски“.

Новата варијанта не е иста како EG.5.1, која Светската здравствена организација (СЗО) неодамна ја означи како „варијанта на загриженост“ откако беше откриена во 51 земја, пишува Express.

Канадскиот еволуциски биолог Т. Рајан Грегори, исто така, е загрижен за новата варијанта.

„Имајте на ум дека досега има само неколку негови секвенци и можеби нема да може да се натпреварува со моментално доминантните варијанти и можеби нема да заживее. Но, видот е интересен и потенцијално загрижувачки“, рече тој, додавајќи дека е загрижен што BA.X е забележан во неколку земји, односно дека не е ограничен само на еден регион.

Сепак, сè уште не е јасно колку е сериозна инфекцијата со варијантата BA.X, а нејзината потенцијална поврзаност со варијантата омикрон може да значи дека вакцината ќе биде ефикасна и против неа.

Слични содржини