Коњското опавче претставува едноставна, но и стилизирана фризура која од време на време ни нанесува болка.
Студиите покажале дека честото врзување на косата во опавче може да предизвика алопеција. Поп пејачката Ариана Гранде која е позната по своето високо заврзано опавче во 2018 година признала дека поради својата фризура чувствува постојана болка во главата.
Главоболката е вистинска
Во нашата кожа постојат нерви кои се чувствутелни на болка. Кога доаѓа до акција како влечење и стегање, болката не се манифестира веднаш. Што подолго трае таа акција, толку нервите стануваат почувствителни. Фоликулите на влакното со текот на времето отекуваат поради притисокот.
Главоболката од репчето припаѓа на феноменот алодинија. Тоа е модерен медицински израз кој го опишува моментот во кој мозокот ја перцепира осетливоста на допир како болка.
Чувството на болка е заедничко
Овој вид главоболка е честа појава. Се забележува кај танчерки, гимнастичарки, навивачки и балерини бидејќи во нивните активности често косата мора да биде собрана. Може и да се јави кај пливачки бидејќи капите за пливање се прилично тесни.
Болката не е иста кај секого
Главоболката не се појавува кај секој, туку се смета дека почесто се јавува кај оние кои се склони кон мигрена. Тие се почувствителни на промената на времето и температурата. Секој човек ја процесира болката на различен начин, а тоа го објаснува феноменот дека не кај секого се јавува оваа главоболка.
Дали постои начин да се спречи?
Доколку имате редовни главоболки поради собраната коса, најдобро би било да посетите лекар.
Постојат и други фактори кои влијаат. Косата е поосетлива за време на циклусот, хормоналните пеомњни или кога не сте доволно наспани.
Наједноставен начин е да престанете да ја врзувате косата во репче, но доколку морате обидете се тоа да биде лабаво. Кога правите фризури за некоја посебна прилика, веднаш откако ќе завршите олабавете го притисокот кој ластичето или укосниците и го прават на вашата кожа.