Кога ќе видиме постар маж со помлада жена, првата мисла ни е дека тој има криза на средните години, но Ким Олвер во книгата „Тајните на среќните двојки“ тврди дека тоа е стереотип.
Олвер тврди дека младите жени кај постарите мажи ја задоволуваат една од основните човекови потреби, а тоа е потребата за поврзаност.
Таа потреба кај мажите и жените е различна во одредени периоди од животот. Младата жена обично има поголема потреба за поврзаност. И покрај тоа што сака кариера, пред се сака да формира семејство. Од друга страна, младиот маж се стреми кон успехот. Кај младите луѓе тие потреби често се во конфликт, бидејќи жената сака повеќе интимност, а мажот е фокусиран на кариерата.
Постариот маж и помладата жена ја делат истата потреба за поврзаност. Мажот на средни години сфаќа дека ја потрошил младоста во потрага за моќ, а при тоа го запоставил семејството. Уморен е од трката и бара повеќе од врската. Во исто време, постарата жена е уморна од занемарување на себе си и ставање на мажот и децата на прво место. Подготвена е да се посвети на образованието и кариерата, кои морале да почекаат поради семејството.
Тоа е причината зошто мажите сакаат помлада жена. Таа му е компатибилна. Можеби поради тоа почнува да размислува и за формирање на ново семејство со неа, за овој пат да се направи „како што треба“.