Зошто постои страв од меѓународно мониториран ветинг, прашуваат од ДУИ

од Nikola Popovski
75 прегледи

Поминаа три дена, а се уште нема барање од страна на политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониториран ветинг, велат од ДУИ преку соопштение.

Стравот од целосен ветинг, посочуваат оттаму, не може да се покрие со небулозни соопштенија.

„Јасно е дека секое одложување на овој процес само ќе ги зајакне сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност во борбата против корупцијата.

Бараме веднаш да се започне меѓународно мониториран ветинг на секој политичар во последните триесет години.

Овој процес мора да биде транспарентен и независен, вклучително и меѓународен надзор за да се обезбеди правда и кредибилитет“, бараат од „Мала Речица“.

Секое одложување и одбивање, додаваат од ДУИ, само покажува дека вревата за борбата против корупцијата е обид да се прикрие нивната корупција.

Слични содржини