Голем број истражувања и анализи покажуваат дека се зголемува присуството на Русија во регионот и земјава преку локални мрежи на влијание. Според Центарот за демократски студии овие мрежи, составени од деловни тајкуни, политичари и други фактори кои се поврзани со Кремљ, продолжуваат активно да ѝ помогаат на Русија во употребата на енергетиката и медиумите како оружје за унапредување на нејзините интереси.
Дури и во истражувачката сторија објавена претходно на новинарската мрежа „Белингкет“ се наведува дека Русија се обидува да манипулира со пазарот и да влијае при државното одлучување во секторите во кои има интерес, а тука се споменува и рударството. Како пример за Македонија се посочува делувањето на компанијата Солвеј Инвестмент Груп, која е сопственик на рудникот за бакар Бучим во Радовиш. Во текстот се вели дека оваа компанија официјално е швајцарска, но дека своите корени ги има во Русија.
„Групацијата Солвеј е вклучена во многу проекти кои ги унапредуваат руските интереси – до тој степен што дури и владата во Москва лобира во нивно име, нарекувајќи ја ‘руска инвестиција’. Навистина, иако СДСМ се придвижи на запад на стратешко ниво, се чини дека ја задржа отворена вратата за руските корпоративни интереси. Партијата се залагаше за агенда против рударството, откажувајќи концесии на четири западни компании од 2017 година“, пишува во написот.
Целиот материјал на следниот линк!