Зошто родените во октомври се толку специјални?

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Секој месец е убав, но и различен. Не само хороскопскиот знак, но и месецот во кој сме родени влијае на нашата личност. Во следните редови ќе видите неколку карактеристики на родените во октомври.c862d41eb2af987325ba147d784b98f2

Чесност
Родените во октомври се стремат да одржуваат фер односи и силно веруваат во правдата. Секогаш се придржуваат кон вистината и се подготвени на сè за да ги разобличат оние кои се обидуваат да им наштетат на нив или нивните блиски.

Ја следат хармонијата
Ретко ќе видите човек роден во октомври да излегува надвор од контрола. Овие личности веруваат во хармонијата и се стремат да ја обезбедат во секое време, како и да постигнат внатрешен мир. Ги следат правилата на животот, а ако западнат во ситуација на спор, знаат како да излезат од него.
a8315be9e5c781ca9e5f488beb22b4b6
Родени дипломати
Ќе ги познаете луѓето родени во октомври по тоа што се истакнати дипломати во комуникацијата со другите. Ова е една од најдобрите нивни страни. Во тешки ситуации знаат како да се справат со пречки. Во бизнис комуникацијата секогаш успеваат да ги освојат симпатиите на своите соговорници.

Бараат посебна љубов
Ако сега започнувате односи со човек роден во октомври, треба да знаете дека овие личности не се поврзуваат во сериозни љубовни врски со кого и да е. Би се импресионирале од партнерот кој е бизнис-ориентиран, амбициозен, интересен. Имаат потреба од љубов, која ќе ги инспирира, од понежна/посилна половина, која им помага да се задржи балансот.53a858163c5abb97d84c94717f9d1f59

Тие се харизматични
Нешто што поседуваат во изобилство е харизма. Емитувањето им е како магнет , што им помага да го привлечат вниманието на спротивниот пол, но и симпатиите на сите други. Кога се движат или комуницираат тие се повеќе од сигурни. Да поминеш време со човек роден во октомври е задоволство.

Големи романтичари
Среќници се оние кои имаат љубовна врска со човек роден во октомври. Тие се непоправливи романтичари. Освен со харизма, лесно ја придобиваат љубовта на спротивниот пол со своите мили зборови, романтични изненадувања. Овие личности можат и се стремат да градат убави и долготрајни врски.

Емоционално интелигентни се
Да бидеш емоционално интелигентен е доста тешко. Некои успеваат по долги тренинзи, други никогаш, а оние кои се родени во октомври го поседуваат овој квалитет. Владеат со емоциите, водат добро односи, социјални контакти, умеат да ја претстават добро личноста пред останатите.