Зошто сè уште ќе мора да носиме маски и по вакцинирањето?

од Берта Китинска

Иако вакцините се „почеток на крајот“ на пандемијата, тоа не значи дека и дошол крајот.

Мерки на претпазливост како што се носење маски и физичко растојание ќе бидат неопходни сè додека повеќето луѓе во светот не се вакцинираат и додека не знаеме колку вакцината нè штити на долг рок.

„Мислам дека луѓето сфатија дека кога ќе ја примат вакцината, ќе можат да престанат да носат маски и да ја почитуваат физичката оддалеченост, но тоа навистина нема да биде случај“, изјави Дебра Гоф за Инсајдер, фармацевт за инфективни болести и професор на Универзитетот во Охајо.

За жал, реалноста е дека сè уште не знаеме дали вакцината ги штити луѓето од заразување и ширење на ковид или само ги спречува да се разболат. Покрај тоа, дури и ако вакцината нè заштити од инфекција, таа нема да биде целосно ефикасна дури по втората доза – околу еден месец по првата, што значи дека мора да се придржувате до сите мерки за тоа време.

– За доброто на сите, треба да продолжите да носите маска дури и ако сте биле вакцинирани – посочува Гоф.

Д-р Ентони Фаучи исто така верува дека сè нема да се врати во нормала веднаш.

– Можно е некои вакцини да бидат поефикасни кај некои популации од другите и не сите да бидат близу 100% ефективни. Важно е да се носи маска и да се држи настрана од другите додека поголемиот дел од популацијата не биде имун на вирусот корона – истакна тој на подкастот во кој разговараше со Бил Гејтс во ноември.

Слични содржини