И денешното судење во преполната судница на Палатата на правдата на учителот по глума Мирослав Мика Алексиќ се одвиваше во тензична атмосфера, при што судијата неколку пати го опомена бранителот на Алексиќ.
Судењето беше прекинато бидејќи адвокатот на Алексиќ на крајот беше казнет со 100.000 динари, а во еден момент реагираше и самата Милена Радуловиќ додека стоеше зад говорницата сведочејќи за силувањето кое се случило додека останатите деца биле во другата просторија. Таа детално опишала што се случувало во студиото на Алексиќ, со кого во тој момент останала сама.
„Зошто тој ми се смее?“, реагирала актерката на смеата на адвокатот Јаковљевиќ.
„На публиката. Нешто ѝ кажувам на актерка во публиката“, одговорил Јаковљевиќ, кој претходно на некого од публиката му се обратил со зборовите „ќе глумиш и ти овде еден ден“.
Судијата потоа одлучи да направи пауза.
„Адвокатот Зоран Јаковљевиќ е казнет со 100.000 динари за крајно непочитување на дисциплината, без разлика што неколку пати е опоменуван“, изјавил судијата Зоран Божовиќ и одреди 15-минутна пауза.
Да потсетиме, Милена Радуловиќ денеска во продолжение на сведочењето во преполната судница, одговарајќи на прашањата на бранителот на Мирослав Алексиќ, Зоран Јаковљевиќ, рече дека Алексиќ сексуално ја злоставувал со прсти во својата канцеларија во ноември 2012 година.