Зошто треба да ги чувате лимоните во замрзнувач: Повеќекратни придобивки од кората

од Stefanija Kuzmanovska

Како што сите знаеме, лимонот има повеќекратни здравствени придобивки поради витаминот Ц, кој придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем, му помага на телото да се бори против инфекциите и поттикнува губење на тежината. Содржи и супстанци кои помагаат во спречување на рак, го регулираат крвниот притисок, па дури се сметаат за индиректно корисни за менталното здравје, бидејќи помагаат против стрес и депресија. Најдобар начин да извлечете максимум од лимоните и нивната кора е да ги замрзнете, изрендате и консумирате.

Кората од лимон

Смрзнатите лимони имаат различен вкус од лимоните складирани на собна температура поради разликите во нивото на киселост. Замрзнувањето на лимоните ја намалува нивната киселост, која ќе се врати само кога овошјето ќе се одмрзне. Кората од лимон содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од сокот од лимон, па затоа дефинитивно треба да се користи, а не само да се фрла. Замрзнатата кора има неверојатен вкус, само погрижете се добро да ги измиете лимоните пред да ги ставите во замрзнувач!

Кората од лимон дава уникатен освежителен вкус на храната и пијалоците. Има одличен вкус во салатите, како главна состојка во сладоледот или како додаток на овој деликатес, а одлично оди дури и со шпагети. Важно е лимонот да биде целосно замрзнат пред да го нанесете на храната, бидејќи замрзнатата кора има многу подобар вкус од обичната кора. Затоа се повеќе луѓе го користат овој трик за готвење, па пробајте го и сами!

Замрзнатата кора од лимон содржи есенцијални соединенија кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, го нормализираат нивото на холестерол и според некои истражувања придонесуваат за спречување на развојот на канцерогени клетки. Богат е со хранливи материи како што се витамините А, Б6, Ц и Е, железо, цинк, калиум, влакна и протеини.

Бидејќи хранливите материи се присутни во кората од лимон, важно е правилно да се измие во проточна вода, а потоа да се дезинфицира со сода бикарбона или јаболков оцет. Повторно се мие со проточна вода и се става во замрзнувач преку ноќ.

Кога ќе се замрзнат, изрендајте ги лимоните во стаклена тегла и вратете ја теглата во замрзнувач, па користете ја по потреба: како прелив за салати, супи, сокови, дури и во домашни сосови.

Повеќекратна примена

Според истражувањата, кората од лимон покажува голем потенцијал за отстранување на токсините од човечкото тело, а во некои земји како Индија се користи во исхраната на болните од рак.

Врз основа на нивната пракса, козметичарите се согласуваат дека кората од лимон е одличен пилинг кој не само што ја отстранува мртвата кожа туку и ја снабдува со влага.

Слични содржини