Аспарагусот не е меѓу омилените јадења на Македонците. Знаејќи за сите придобивки од консумацијата на зелениот зеленчук, сепак, треба да размислите за нивно вклучување кон вашето  мени (во случај веќе да не сте го сториле тоа).8a0d9c13738fe94f920af4d82259649e

Аспарагусот е одличен извор на куп корисни хранливи материи, освен тоа е и исклучително вкусен, ако се разбира, го приготвите правилно. За да ја зајакнете својата позиција во корист на аспарагусот, прочитајте нешто повеќе за придобивките од потрошувачката на аспарагус:

Аспарагусот е богат со корисни материи

Тој е одличен извор на влакна, фолна киселина, витамини A, C, В, E и K. Кога јадете аспарагус, вие не само што ќе му помогнете на варењето, но и ќе  се имунизирате.  Особено витаминот К помага за згрутчување на крвта и зајакнување на коските. Витамините од групата Б пак се познати со регулирањето на шеќерот во крвта.

Аспарагусот е богат со слободните радикали

Заедно со авокадото, кељот и бриселското зелје, аспарагусот е особено богат извор на детоксикациското соединение глутатион. Тој помага во борбата против штетни соединенија како слободните радикали. Затоа потрошувачката на аспарагус може да биде вид заштита против некои форми на рак.

Аспарагусот содржи многу антиоксиданси

Тој дури и се рангира меѓу најдобрите видови зеленчук, кои имаат способност да го неутрализираат клеточното оштетување предизвикано од слободните радикали.Токму дејството на антиоксидантите помага за забавување на стареењето.

Аспарагусот е пријател на мозокот

Слично на лист зеленчук, аспарагусот испорачува фолна киселина, која заедно со витаминот Б12 помага за спречување на когнитивното оштетување.

Аспарагусот е природен диуретик

Тој содржи високи нивоа на аминокиселиот аспарагин, кој служи како природен диуретик. На овој начин со уринирањето се ослободувате не само од течностите, но и од вишокот сол од организмот. Аспарагусот е особено корисен за луѓето кои страдаат од едеми (акумулација на течности во ткивата на телото) и оние кои имаат висок крвен притисок или други срцеви заболувања.