Бројот на странски туристи кои доаѓаат во САД е значително намален, а најголем пад е забележан кај посетителите од Западна Европа. Според најновите податоци, меѓународните пристигнувања во САД се намалени за 12 отсто минатиот месец во споредба со истиот период минатата година. Уште поголем пад е забележан кај туристите од Западна Европа, што предизвика загриженост во туристичкиот сектор.
На прашањето на новинарите зошто сè помалку луѓе сакаат да патуваат во Америка, актуелниот американски претседател Доналд Трамп даде краток коментар: „Можеби се работи за национализмот, претпоставувам. Но, тоа не е голема работа“, рече Трамп.
Тој додаде дека силниот долар може да има влијание врз овие движења. „Знаете, Кина секогаш би се борела да го одржи доларот на ниско ниво. Истото важи и за Јапонија“, рече Трамп, алудирајќи на фактот дека силната американска валута може да ги поскапи патувањата за странските туристи.