Зошто увезуваме храна која сами може да ја произведуваме?

Секој денар вложен во земјоделството се враќа дупло

од Vladimir Zorba
66 прегледи Фото: Фејбук/Принтскрин

Јадеме домати, пиперки, краставици и друг зеленчук од Албанија, Грција, Турција…, а на нашите ниви растата трње и плевел. Земјоделците не се оптимисти дека производството на храна во државата може да се зголеми и да се врати на нивото од пред 30 години кога имавме и за нас и за извоз. Сега на пазарите и во маркетите ретко може да се најдат домашни производи, а државата годишно троши над една милијарда евра за увоз на храна. Падот во производството на домашна храна е драстичен и Македонија од земјоделска земја извозник на храна се претвори во земја која троши милијарди евра на увоз на храна.

Дека е дојдено време работите да се менуваат покажуваат и официјалните статистички податоци. Ако во 2003 година за увоз на храна сме трошеле по 298 милиони долари за десет години пораснал на 752 милиони долари за во 2023 да го надмине прагот од милјарда евра годшно за увоз на храна. Но дополнителен проблем кој покажува дека ни опаѓа домашнто производствот е трговскиот дефицит во секторот храна е големата разлика помеѓу извозот и увозот. Па така од 84 милиони долари негативен трговски дефицит за дваесет години сме дојдени до половина милјарда долари трговски дефицит.

Земјоделците укажваат дека секоја година се помалку произведуваат храна, бројот на работна сила се намалува, а нивите никој не ги обработува.

Ристо Велков

Ристо Велков

-И ние бараме од Владата парите кои се даваат за увоз на храна да се дадат на земјоделците за да го зголемат производството. Но состојбата на терен е поинаква. Немаме работна сила, се увезуваат големи количини земјоделски производи со тоа цената на домашното производство паѓа, а и климатските промени си го прават своето. Голем дел од земјоделците кои неможат да се борат со децениските проблеми во земјоделството го напуштаат секторот. Така ние наместо поголемо имаме се помало производство на храна, изјави за „Локално“, Ристо Велков претседател на Сојузот на земјоделци од Струмица.

Тој не е оптимист дека производството на храна во државата ќе се врати на она ниво што го имаше порано кога не само нашиот, туку и цел југословенски пазар го снабдувавме со македонски земјоделски производи.

-Грешката е направена во 1996 година кога најплодното земјоделско земјиште од прва и втора категорија беше распределено за изградба на индустриски зони. И наместо да се отворат преработувачки капацитети се отворија други индустрии. Сега ние и да имаме вишок од некој производ немаме преработувачка индустрија и затоа се повеќе увезуваме готова храна, појаснува Велков.

И Ѓорѓи Каракашев од Националната земјоделска мрежа вели дека реалноста во македонскиот агро сектор е лоша и има низа проблеми кои бараат решение.

Ѓорѓи Каракашев

Ѓорѓи Каракашев

-Ако дел од тие милијарда евра кои се даваат за увоз на храна се вложат во македонското земјоделство ќе имаме дупло поголемо производство. Со други зборови ако вложите една милијарда во земјоделството ќе ви се вратат две. Освен тоа ќе добиеме поразновидна и поквалитетена храна. Имаме идеални услови за производство на храна и нашите земјоделски производи се препознаени и по квалитет и по вкус. Потребно е да се изготви државна стратегија, да се утврдат приоритетите, да се даде вистинска поддршка на земјоделците и да се обезбеди сигурен и загарантиран пласман и откупни цени во континуитет, изјави за „Локално“, Каракашев.

Според него, домашното производство во секој случај е поевтино и поквалитететно, бидејќи полесно може да се контролира.

Борјките покажуваат дека заради напуштањето на земјдоелството имаме 660 хектари помалку во производството на домати, имаме 165 илјади тони млеко годишно помалку, имаме околу 100 илјади тони помалку жито….

Од Националната земјдоелска мрежа сметаат дека за да се запре негативниот тренд кој го имаме мора да се стави крај на огромните профити кои ги прават трговците врз грбот на земјдоелците и потрошувачите и да се менува моделот на субвенции ондосно да се одреди што ни е приоритет за да се намали увозот и да поефтини храната за граѓаните.

Б.С.