Можеби сè уште немате одговор на ова прашање, но науката се обиде да ни го објасни тоа.
Дали некогаш сте се разбудиле во кревет после ноќно излегување со момче кое воопшто не е ваш тип?
Ако вашиот одговор е да и ви се случило повеќе од еднаш, сигурно ќе ве интересира што ќе каже науката за тоа. Ако досега го обвинувавте алкохолот за ова, ќе бидете изненадени дека вистинската причина зошто честопати бирате погрешни момци нема никаква врска со тоа. Иако, се разбира, алкохолот не одмага.
Истражувањето открило дека жените често носат „розови очила“ за време на нивното вечерно излегување, односно се фокусираат само на изгледот на момчето.
Имено, кога едно момче ги привлекува физички, жените често го занемаруваат неговото однесување и други карактеристики, покажало истражувањето. Таквите врски обично траат кратко и завршуваат кога исчезнува привременото слепило на физичкиот изглед.
Истражувањата исто така покажаа дека ако често ги имате овие краткорочни врски, тоа е знак дека во моментов не барате нешто позначајно и подлабоко. Од друга страна, жените кои бараат долгорочен партнер имаат многу помала веројатност да се најдат во оваа ситуација и не дозволуваат да бидат заслепени од физичкиот изглед на момчето, откри истражувањето.