НОВ КОРОНА ШОК: Откриена уште една мутација

од Берта Китинска

Уште еден вид коронавирус е пронајден во Jапонија, а тој е откриен кај четири лица кои пристигнале во Токио од Бразил.

Четворица патници кои слетаа на аеродромот „Ханеда“ во Токио на 2 јануари добија позитивен тест за вирусот откако поминаа време во карантин на аеродромот, соопшти Министерството за здравство на оваа земја.

Такаџи Вакита, директор на Националниот институт за инфективни болести, рече дека овој вид на вирус се разликува од оние што веќе се шират во Велика Британија и Јужна Африка, објави Кјодо Њуз, пренесува Дојче веле.

Институтот соопшти дека во моментов немаат докази дека новиот вид е позаразен.Еден од заразените, маж во петтата деценија од животот, бил хоспитализиран по проблеми со дишењето, а жена од околу 30 години пријавила болки во грлото и главоболки.

Тинејџерот, кој исто така е заразен со нов вид на вирус, добил треска.

Слични содржини