Дали имате свој тип на момче или девојка? Постојат фактори кои го дефинираат тоа

од Stefanija Kuzmanovska

Постои онаа позната изрека: „Во љубовта сите имаме тип“. Тој тип нè привлекува, без разлика дали станува збор за панкер, рокер, нечија боја на коса или нешто слично. Тип, може да се каже дека е одреден фактор што нè привлекува кон некого.

Според тим истражувачи кои спроведоа истражување на Универзитет во Калифорнија, всушност постои причина зошто луѓето ги привлекуваат партнери со специфични карактеристики. Студијата објавена во Journal of Personality and Social Psychology, вклучува анализа на над 1.000 хетеросексуални парови и во сегашните и во поранешните врски.

Истражувачите кои ја спровеле студијата откриле дека луѓето најверојатно делат три работи со минатите партнери: слични физички карактеристики, слични нивоа на интелигенција и слично образование и религиозно потекло.

Постојат многу теории за тоа зошто најмногу нè привлекуваат луѓе со кои споделуваме слични карактеристики. Многу од нив се фокусираат на мислата дека околностите ги наведуваат луѓето да бидат во сличен круг на потенцијални партнери, како населбата во која живеат или училиштето во кое одат. Се чини дека ова е главниот фактор што се докажа и во оваа студија.

„Поранешните партнери кај одредени испитувачи беа многу слични во варијабли како што се образованието, религиозноста и интелигенцијата, но овој вид на сличност се должеше целосно на училиштата во кои оделе луѓето“, заклучува студијата.

Имајќи го тоа на ум, прво се проценува каков тип сте вие и кои се вашите карактеристики (што ви се допаѓа, а што не) и затоа барате партнер кој е најмногу сличен на вас и кој ви одговара во сите овие карактеристики, пишува Your Tango.

Слични содржини