Зубин Мехта и Белградската филхармонија со концерт во Скопје во рамки на „Отворен Балкан“

од Nikola Popovski
670 прегледи

Белградската филхармонија заедно со диригентот Зубин Мехта, ќе гостува во Скопје на 24 јуни, при што ќе одржи концерт во салата на Филхармонијата. Настапот е во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, соопштија од Македонската филхармонија.

Маестро Зубин Мехта, еден од најголемите диригенти на денешнината и најзначаен пријател на Белградската филхармонија е докажан авторитет во иницирањето на изградбата на мостови меѓу различните култури. Со својата единствена енергија и визија, допринесе во рушењето на бројни бариери користејќи ја моќта на музиката. Маестро Мехта со голем ентузијазам ја поддржа иницијативата „Отворен Балкан“ меѓу Србија, Албанија и Р.С.Македонија, а заедно со Белградската филхармонија ќе и приреди врвно музичко доживување на публиката во овие земји.

Покрај концертите во Белград (20 јуни), Скопје (24 јуни), Белградската филхармонија ќе одржи и концерт во Тирана (22 јуни), а на програмата на трите концерти, Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на Симфонијата бр.7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз.

Слични содржини