Зуди Кока застанува на чело на МЕПСО

од Nikola Popovski
396 прегледи

Зуди Енузи Кока од Алијанса за Албанците е назначен за нов директор на МЕПСО, потврдија од компанијата. Тој доаѓа на местото на сега веќе разрешениот Сурија Рашиди кој пак беше назначен пред 6 месеци.

Кока, од 31-ви декември 2021 година беше вршител на должноста директор на „Комунална Хигиена – Скопје“, по што беше разрешен од функцијата од градоначалничката Данела Арсовска откако неговиот брат Цуфи Кока за време на ланските протести против францускиот предлог во Скопје, пукаше во воздух и се закануваше кон демонстрантите кои поминуваа пред неговиот хотел кај плоштадот Скендербег.

Зуди Енузи Кока по професија е дипломиран правник, а до неодамна бил шеф на кабинет на веќе разрешениот директор Рашиди.

Слични содржини