Зверев го освои златото на Олимписките игри

од Nikola Popovski
518 прегледи

Германскиот тенисер е шампион на Олимписките игри! Со победата над рускиот тенисер Карен Хачанов, Саша Зверев стигна до олимпиското злато, со резултатот 6:3 и 6:1 по сетови.

Германецот одигра одлично и покажа дека полуфиналниот меч против Ѓоковиќ не беше само случајност, туку дека навистина дојде добро подготвен во Токио.

Во првиот сет, Зверев направи брејк на почетокот, за уште еднаш да го одземе сервисот на Русинот кон крајот и да го преземе водството. Во вториот сет, тој целосно доминираше на теренот.

Качанов целосно потона и му требаше неверојатно оружје за да го запре жешкиот Германец, кое сепак го немаше.

Слични содржини