111
Српскиот кошаркарски првак Црвена Звезда преговара со македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ, објави италијанскиот новинар Лука Д’Алесандро.
Македонецот е висок 190 сантиметри и има 24 години, а моментално настапува за Валенсија, која следната сезона повторно ќе настапува во Евролигата.
Минатата сезона во АЦБ лигата, Димитријевиќ имаше просек од 9,4 поени и 4,2 асистенции по меч.
KK Crvena Zvezda Belgrade in talks with Nenad Dimitrijevic
— Luca D'Alessandro (@LucaDa18) July 24, 2022
Кошаркарот и пред Валенсија настапуваше во Шпанија, во дресот на Хувентуд од Бадалона.