257
Една од ѕвездите на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера, го плукна амблемот на градскиот ривал Манчестер Сити по крајот на дербито, кое „црвените ѓаволи“ го добија со 3: 2.
Во социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како шпанскиот халф плука врз амблемот на „граѓаните“, додека се прибира кон тунелот на полувремето.
Од Јунајтед побрзаа да се извинат за активностите на фудбалерот, велејќи дека кога Ерера ја видел снимката од случката, тврдел дека неговите акции не се намерни.
Herrera spitting on the City badge as he walks off the pitch pic.twitter.com/8nzaG2Lc7H
— UtdHQ_ (@UtdHQ_) April 8, 2018