Британската актерка Есме Бјанко, позната по улогата на Рос во „Игра на тронови“, во петокот поднесе тужба против Мерилин Менсон во која тврди дека тој ја силувал и насилно ја третирал.
Таа е 15-та жена што го обвини славниот музичар за сексуално злоставување.
Бјанко тврди дека Менсон (вистинско име Брајан Ворнер) ја силувал во мај 2011 година. Во еден дел од тужбата се наведува дека тој „ја принудил да изврши сексуални дејствија со дрога и под закана“. Во тужбата се споменува и дека тој сексуално ја искористил додека била „во несвест или во состојба во која таа не може да се согласи на такво дело“, пишува BuzzFeed News.
Таа исто така рече дека за време на сексот, без нејзина согласност, тој ја тепал, гризел, камшикувал и ја сечел по задникот, градите и гениталиите.
Менсон го тужи и за кршење на Законот за заштита на жртвите на трговија со луѓе во САД. Имено, Бјанко тврди дека со измама и ветил можност да работи во САД, за што знаел дека никогаш нема да се реализира.
„Со мешање во процесот на издавање виза на г-ѓа Бјанко, г-дин Ворнер беше во можност да ја контролира г-ѓа Бјанко со закана дека ќе ја повлече поддршката ако не се согласи“, се наведува во тужбата.
Сè започнало во 2009 година
Според тужбата, злоупотребата започнала во февруари 2009 година, кога Менсон ја возел Бјанко до Лос Анџелес за да сними таму музичко видео кое никогаш не било објавено. По пристигнувањето, открила дека „не била присутна екипа за снимање и дека од неа се очекува да остане во домот на Ворнер, а не вохотелот кој претходно бил резервиран.
За време на четиридневното снимање, кое Менсон го снимал со својот фотоапарат, наводно Бјанко носела долна облека цело време, и било забрането да спие, и давале дрога и алкохол, но без храна.
За време на снимањето, тврди таа, Менсон ја тепал и ја тресел со струја, и се заканувал дека ќе ја силува, ја принудувал да гледа „екстремно насилен филм што ја онесвестил“ и се обидел да ја присили да има сексуални односи со друга жена пред камерата.
„Можеби најстрашното, г-дин Ворнер ја заклучил г-ѓа Бјанко во спалната соба, ја врзал и ја тепал со камшик за кој рекол дека го користеле нацистите“, се вели во тужбата.
Таа се плашела од последиците
Актерката вели дека во тоа време не се противела затоа што се плашела од последиците, професионални и физички. Односно, таа се загрижела дека тој ќе започне да се однесува уште полошо со неа.
Неколку месеци подоцна, во мај 2009 година, двајцата започнале да имаат сексуална врска. Иако врската во тоа време била консензуална, тој наводно ја гризел, ја тепал и ја допирал во јавноста без согласност. Таа, исто така, го обвинува дека ја присилувал да ги следи „кодексите на облекување“ и вербално ја понижувал во интервјуа.
Во 2011 година, Бјанко се преселила кај Менсон два и пол месеци, а за тоа време вели дека трпела „постојана злоупотреба“. Тој наводно не и дозволил да го напушти станот без дозвола или да прима посетители. Тврди и дека ја чувал „будна со денови и потоа ја избркал од станот преку ноќ“.
„Ме држеше во темница, не ме оставаше да спијам“
За него, исто така, вели дека ја чувал во станот во „скоро тотална темнина и инсистирал на тоа температурата да остане на 17 Целзиусови степени“. Тој редовно се лутел, фрлал предмети и вербално ја злоупотребувал, се тврди во тужбата.
Еднаш, Менсон наводно ја бркал со секира. Во тужбата се наведува и дека тој еднаш „ја исекол со нацистички нож за време на секс, без нејзина согласност и ги фотографирал раните на нејзиното тело“. Тој, наводно, ги објавил фотографиите на социјалните мрежи.
Бјанко побегнала во јуни 2011 година, додека Менсон спиел и кога дознал дека таа заминала, „тој се заканил дека ќе и ја одземе визата и ќе ја „казни“ следниот пат кога ќе ја види“, се наведува во тужбата.
Актерката вели дека има посттрауматско стресно нарушување, анксиозност, депресија и напади на паника. Првпат зборуваше за тоа во 2019 година, но не сакаше да го открие името на насилникот. Дури во февруари открила за кого станува збор.
„И покрај многуте храбри жени кои се изјаснија против Мерилин Менсон, безброј преживеани молчат и некои од нивните гласови никогаш нема да бидат слушнати. Се надевам дека покренувањето на оваа тужба ќе помогне да се спречи Брајан Ворнер повеќе да уништува животи и да ги поттикне другите жртви да бараат своја мала доза на правда“, објави актерката на социјалните мрежи.
Менсон не даде коментар за тужбата.