Нови обвинувања за Менсон: „Ме нарекуваше валкана мексиканска к*рва и ме тераше да имам секс со неговите пријатели“

од Vladimir Zorba

Веќе долгиот список на жени кои го обвинуваат Мерилин Менсон за злоупотреба и малтретирање денес дополнително се зголеми. Малку познатата актерка Бјанка Алејн го обвини славниот музичар дека систематски ја понижувал кога таа едвај била полнолетна.

Првиот бакнеж со Менсон се случил кога таа имала само 16 години, а три години подоцна започнала бурна врска со него, која, како што рече, завршила насилно и понижувачки по три месеци. По пат, таа рече дека Менсон ги бакнувал, допирал и ги „навлекувал“ нејзините пријателки, кои биле малолетни во тоа време.

– Тој е нешто како д-р Џекил и г-дин Хајд. Три месеци постојано пиеше и шмркаше кокаин и се истураше претежно на мене. Искрено, тогаш бев заљубена во него, а сега кога ќе погледнам наназад, се прашувам – каде ми беше умот!? – изјави Бјанка за „Сан“ и потоа опиша што точно се случувало во тие три месеци.

– Во еден момент тој беше мил и сладок, а во друг делуваше како целосен лудак. Особено пред своите пријатели. Ми рече дека сум глупава и дебела, а еднаш дури и пред голема група луѓе ме нарече „валкана мексиканска к*рва“. После тоа тој се смееше, и можете да замислите како се чувствував во тие моменти …

Бјанка призна дека музичарот никогаш не бил насилен кон неа, но понижувањата што ги трпела секој ден сепак биле „малку премногу“ …

– Сепак, видов дека тој го тепа неговиот асистент. Секојпат кога ќе го претепаше, ќе му дадеше 100 долари.

За жал, според Бјанка, вербалните понижувања биле само почеток …

– Имаше чуден фетиш. Тој сакаше да гледа други мажи како имаат секс со мене. Одбив, не сакав, но тој ми рече „те молам, стори го тоа, морам да го гледам“. Тој ќе мастурбираше додека ме гледаше во „акција“, и ако случајно не свршеше, тогаш ќе легнеше на мене. Беше чудно, ме гризеше …“

На крајот, таа рече дека воопшто не е изненадена од фактот што толку многу девојки излегле со своите ужасни приказни за Менсон.

„Верувајте ми, има уште многу, само се плашат“, заклучи Бјанка Алејн.

Слични содржини