Ѕвездата на популарната серија се противи на самоизолацијата: Корона е обична настинка

366 прегледи

Ѕвездата на серијата Изгубени, Евангелин Лили, не се плаши од коронавирусот. Своите деца и понатаму ги носи на тренинзи и се сретнува со многу луѓе. Како што вели, го живее својот живот сосема вообичаено и смета дека карантинот не е неопходен, пишува ТМЗ.

„Чај за добро утро. Само што ги однесов децата во камп за гимнастика. Ги измија рацете пред да влезат. Си играат и се забавуваат. Се е вообичаено“, напишала покрај фотографијата на Инстаграм.

„На некого животот им е поважен од слободата, мене слободата ми е поважна од животот. Сите одлучуваме за себе“, објаснила актерката, откако многу фанови на Инстаграм ја нападнале, а таа додала дека живее со татко кој има леукемија.

„И јас имам ослабнат имунитет. Овој вирус е обична настинка на дишните патишта“, рекла.

Таа смета дека владата презела преостри мерки за сузбивање на коронавирусот. ИСто така изјавила дека мисли дека се е поврзано со претседателските избори кои оваа година се одржуваат во САД.

„Секоја изборна година нешто вакво се случува“, заклучила.

Слични содржини