Ѕвездата на УФЦ сака борба со Леброн: Брзо ќе го бакне подот

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот УФЦ-борец, Колби Ковингтон ужива во поразот од Нејт Робинсон, поранешен кошаркар на НБА, но исто така сака да се бори и против Леброн Џејмс.

Победата на Јутјуберот Џејк Пол над славниот кошаркар, трикратен шампион во забивање на Ол-стар, сè уште е „жешка тема“ во Америка.

Ковингтон не можеше да одолее без да го коментира тоа во свој стил. Тој мораше да ја повика и најголемата кошаркарска ѕвезда на денешницата, Леброн Џејмс.

„Слушнав дека телото на Нејт Робинсон конечно беше изгребано од подот на Стејплс центарот. Јас би го натерал Леброн Џејмс да го бакне подот за половина помалку од времето. Секој знае дека денешните играчи на НБА се најмеките и најпривилегираните спортисти на светот“, провокативно напиша Ковингтон.

Познато е дека Ковингтон е поддржувач на Доналд Трамп, а неодамна ги нарече лицемери кошаркарите на НБА бидејќи бојкотираат спорт кој им донесе милиони.

Слични содржини