Ѕвездите што барем еднаш платија папараци за да ги сликаат

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Ѕвездите често се жалат дека папараците ги демнат на секој агол, но има и такви кои некогаш платиле на фотографи да им направат божем случајно слики.Некои од кадрите ги покажуваат ѕвездите од најдобрите агли, а самите “објекти” не изгледаат воопшто изненадени, пишува OK Magazine. Всушност познатите луѓе понекогаш навистина треба да изгледаат “ексклузивно” и ги предупредуваат фотографите однапред каде ќе бидат. Еве некои ѕвезди кои нарачале “неочекувани” фотографии.

Ким Кардашијан

Реалити ѕвездата честопати е “фаќана” од папараци. Дали тоа е шопинг во продавница или прошетка со нејзиниот сопруг, Kание Вест, не е важно. Ова е нормално, но се додека не се забележи дека нејзиниот крст е потесен и грбот ѝ е добро формиран. Значи Ким се вклучи во нов скандал во кој таа беше обвинета за плаќање на папараци за обработка на нејзината фотографија. Понекогаш извори блиски до ѕвездата коментираа дека Ким често предлагала каде папараците може да ја изненадат.

Анџелина Џоли

Пред некое време и Анџелина Џоли им плати на фотографи да ја сликаат со првото нејзино дете Медокс што таа го зеде од сиропиталиште во Камбоџа. Тогаш ѕвездата им платила на папараците за внимателно организирана фотосесија во која ја рекреираат нејзина слика на одговорен возрасен, амбасадор на добра волја на ОН. Исто така фотографска агенција открила информации за првиот одмор  на Џоли и Пит на плажата Diani Kenyan кој ги докажал гласините за романсата и покажала идила им во моментот кога таа беше обвинета дека го уништила бракот на Пит со Џенифер Анистон. Подоцна, папараците не можеа да стигнат до ѕвездите, освен со хеликоптер.

Фото: Ројтерс

Рајан Рејнолдс

Актерот исто ги избегнува папараците, но според извор близок до ѕвездата токму тој ги организирал “случајните” слики како јаде  јогурт и носи пакет хамбургери, насмеано излегувајќи  од точно избрано кафуле и се качува на мотоцикл “Can-Am”.

Фото: Ројтерс

Линдзи Лохан

Линдзи Лохан, за која се чини дека веќе е заборавена по скандалите со употребата на дрога и возењето во пијана состојба, се враќа во ѕвездената арена, и тоа не без помош на папараците.

Фото: Ројтерс

Парис Хилтон

Слична е и судбината на Парис Хилтон. Исклучително популарна пред една деценија, сега таа, според извори, треба да ги извести фотографските агенции и да им помогне при на папараците каде е, па да не ја заборават.