Додека обичните граѓани едвај го поминуваат месецот и мислат како да купат храна и да ги платат сметките, функционерите ги немаат овие проблеми. Со своите високи плати можат добро да се хранат, облекуваат, да шетаат, да купуваат, и се разбира, да плаќаат сметки без никаков проблем.Или така вие си мислите.

Извештаите од ЈП Водовод и канализација – Скопје до кои дојде Либертас, покажуваат дека функционерите на власта не се грижат многу за плаќање сметки.
Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, екс-министерот за правда Михајло Маневски и еден од пратениците со најдолг стаж Амди Бајрам не плаќале сметки за вода и смет со години, а и сумите кои ги должат се неверојатно големи.
Од извештаите до кои дојде Либертас се гледа дека државниот јавен обвинител Марко Зврлевски од 2002 до 2015 година не плаќа за вода.
Се работи за два извештаи, едниот со збирна сума од 17.051, а другиот со збирна сума од 80.140 денари, или вкупен долг од 97.191 денари.
Од извештаите до кои дојдовме, екс-министерот за правда Михајло Маневски има неплатени сметки за вода од 2012 до 2015.
Вкупниот износ на неплатените сметки на Маневски е 134.787 денари.
Сепак, апсолутен шампион во неплаќање е еден од пратениците со најдолг стаж во Собранието, и актуелен коалициски партнер во власта, Амди Бајрам.
Либертас поседува 3 извештаи за неплатени сметки за вода и смет од Амди Бајрам за различни периоди од 1994 па се до 2015 година. Од извештаите може да се заклучи дека Амди Бајрам повеќе од 20 години не плаќа за вода!
Вкупниот износ кој Амди и Мукадес Бајрамови го должат на Водовод е 1.277.146 денари или над 20 илјади евра!
И додека за „обичните“ граѓани стигнуваат тужби и извршители, се чини дека за функционерите на власта не важи истото, па тие слободно можат да заборават на сметките и да си ги трошат парите на попаметни работи
Повеќе тука





![amdi-bajram-09[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/10/amdi-bajram-091.jpg)