Ќе се изненадев ако Македонија беше исклучок кога станува збор за критичните моменти на евроинтеграциските процеси. По правило речиси во цела источна Европа мафијата, олигарсите и сите други засегнати од европските интеграции и имплементацијата на европските стандарди која доаѓа со пристапниот процес правеа се што беше во нивна моќ, а ја имаа, за да ги спречат овие процеси, пишува во својата колумна Борјан Јовановски.
И кај нас ги имаме многумина на кои им одговара да се задржат “правилата “ на лов во матно и кал со кои за време на транзицијата се стекнаа со огромно богатство и моќ на влијание во различни политички структури и институции.
Ние конечно започнавме некој процес на пристапување во ЕУ со скринигот од кој се очекува да се утврди јасната дијагноза на сите наши слабости кои не држат еве 30 години во блатото на транзицијата. Паралелно европските лидери кочено почнаа да испраќаат пораки кои ја обновуваат изгубената надеж во европските интеграции како што се случи во Тирана од каде дојде веста за отворање на европските фондови за младите кои до сега беа привилегија само за земјите членки на ЕУ. И наместо фокусот да се стави на искористувањето на овие прилики во Скопје расте хаос и тензии кои имаат малку врска со здравиот разум.
Целата колумна на следниот линк!