Јужна Кореја: Првото дете на Ким Јонг-ун е син, а тој има и трето дете

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Првото дете на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е син, а се верува дека има и трето дете, чиј пол не е познат, ја пренесоа денеска пратениците на јужнокорејскиот парламент информацијата од извештајот на Националната разузнавачка служба (НИС).

Синот на Ким до сега не се појавил во јавноста, додека ќерката Ју-ае беше видена со нејзиниот татко во неколку наврати, што ги поттикна шпекулациите дека таа се подготвува да биде следниот лидер на земјата, објави „Ројтерс“.

Од друга страна, НИС смета дека најверојатното објаснување за појавувањето на Ју-ае во јавноста е дека Ким Јонг-ун сака да ѝ покаже на јавноста дека негов наследник ќе биде четвртата генерација лидери од тоа семејство.

Слични содржини