Северна Македонија нема друг пат освен да биде дел од Европската унија. Северна Македонија нема друг пат освен добрососедството. И Бугарија и Северна Македонија и Грција и Романија се мали за да имаат сопствена улога во големата геополитика. Единствено со членство во сојузи, барајќи пријателства и добрососедство и проширување на своите контакти во економијата, во политиката, во образованието, во културата може да направиме големи постигнувања, рече бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук одоговарајќи на новинарско прашање во врска со последните резулатите од анкетата на ИРИ за расположението на Македонците кон ЕУ и ставањето на Бугарите во Уставот.
Тој додаде дека ги почитуваа ставовите на македонските граѓани доколку процениле дека таква е актуелната политичка ситуација, но потенцираше дека полтичарите играат важна улога за тоа како размислува едно општество.
„Ако патот на Северна Македонија е во ЕУ и сите работиме на тоа и тежнееме кон тоа, тогаш јас мислам дека проевропските сили треба да соберат во себе поголема храброст и да продолжат со реформите за пат кон ЕУ. И затоа мојот апел до политичарите во Северна Македонија е нека спорат за економијата, за здравство, за пензии, за плати, но кога станува збор за приоритетите на земјата-НАТО и ЕУ, тогаш тие за мене се неспорни работи“, подвлече Ќучук.