🎥 Фирма основана пред 20 дена доби тендер од 4 милиони евра – СДСМ алармира за корупција

од Марта Пешевска
25 прегледи

СДСМ поднесе документи до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и побара итна реакција поради сомнителен тендер во Министерството за внатрешни работи (МВР). Според партијата, тендерот вреден 4 милиони евра го добила фирма основана само 20 дена пред објавувањето, без искуство, капацитет и дури без регистрирано седиште. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го нарече случајот „скандалозен“ и ја поврза аферата со поранешниот министер Панче Тошковски.

„Сметаме дека ова е класичен пример за корупција и наместен тендер. Потребна е брза и темелна истрага од ДКСК за да се утврди кои стојат зад ова и да има одговорност“, изјави Кузеска. Таа повика ДКСК да престане да биде „нем набљудувач“, туку вистински заштитник на јавниот интерес.

Слични содржини