🎥 Шокантни снимки: Моторот на авионот се запали веднаш по слетување

од Љубиша Владимиров
59 прегледи

Драма во воздухот! Авионот на „Американ Ерлајнс“ претрпе шокантен дефект кога еден од моторите се запали веднаш по принудното слетување во Денвер. Патниците во паника ги користеа тобоганите за евакуација, додека густ чад се издигнуваше од авионот, покажуваат вознемирувачки снимки на социјалните мрежи.

Во летот 1006 на „Американ Ерлајнс“ имаше 172 патници и шест членови на екипажот, кои успеале безбедно да се евакуираат, но шестмина завршија во болница за дополнителни прегледи.

Овој шокантен инцидент е само уште еден од низата проблеми што ја разнишуваат довербата во безбедноста на авионскиот сообраќај во САД. Од судири со воени хеликоптери до авиони што се превртуваат на писта – патниците сè повеќе стравуваат за својата безбедност!

Федералната управа за авијација (ФАА) веќе отвори истрага, но „Боинг“ одбива да коментира, а „Американ Ерлајнс“ и понатаму е под притисок.

Слични содржини