🎥„Анима Мунди“: Изживување врз мирно куче во фирма во Момин Поток, било удирано над 20 пати!

од Nikola Popovski
80 прегледи

Здружението за заштита на животните, „Анима Мунди“ објави видео од суровост и изживување врз мирно бездомно животно во фирма во Момин Поток. Како што велат од здружението, кучето над 20 пати ѕверски било удирано по глава од вработен.

-Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано со дебело дрво, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; случај кој ќе останеше невиден доколку не беше евидентиран на камерите за видео надзор.

Со какви психопати сме опкружени, доколку од 5 лица, ниту еден во ова ѕверство не препознава екстремна суровост, инстинктивно не се обидува да интервенира и го сопре, прашуваат од „Анима Мунди“.

Бараат итно процесирање на кривична постапка и најстрога – тригодишна казна затвор за сторителот.

(ФОТО) Ќе избега од Македонија или ќе одговара пред законот? Монструозен лов со метални стрели: Жителите од Хиподром бараат правда за уличните миленици

Во земјава има закони за заштита на животните, но не се спроведуваат. Бездомните животни постојано се изложени на нехуман третман. Тепање, убивање, труење, малтретирање на уличните животни е секојдневие.

Слични содржини