Лука Дончиќ излезе да се загрева пред дебито во Лос Анџелес, а уште пред почетокот на мечот ги натера тамошните фанови да научат нешто ново. Овој пат „новата работа“ не беше ништо поврзана со кошарката. Напротив, тоа беше познат српски фолк хит.
Старата традиција што беше воспоставена во салата на Далас Маверикс, каде што се пушташе музика по избор на Словенецот, продолжи и во Калифорнија. Тешко е да се поверува дека се пишува ова, но во една од најпознатите кошаркарски сали во светот (денес „Крипто арена“, но многумина сè уште ја знаат како „Стејплс центар“) одекнуваше песна од пејачката на народна музика, Ана Бекута.
View this post on Instagram
На спортски план, Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс и ја крена целата „Крипто Арена“ на нозе. Словенечкиот плејмејкер на своето деби против Јута постигна 14 поени, пет скока и четири асистенции и уште еднаш беше маестрален.
Секој негов потег беше проследен со громогласен аплауз, а дури и на претставувањето се беше громогласно. Своите први поени во својот нов клуб ги постигна на свој уникатен начин – тројка по чекор наназад, по што целата сала експлодираше.