440
Фајнл-фор турнирот во Евролигата започнува во Берлин, а во германската метропола видовме немили настани пред почетокот на натпреварот.
Имено, пред „Убер Арената“ каде се одржува завршниот турнир се степаа навивачи на грчки Панатинаикос и турски Фенербахче, а многу навивачи се обидоа да влезат во арената без билет.
Полицијата брзо интервенирала и го смирила конфликтот.