🎥Македонски автобус излетал од автопат во Србија

Засега не е позната состојбата на патниците и возачот на автобусот

од Nikola Popovski
289 прегледи Фото: Принтскрин/Инстаграм/192.рс

Српските медиуми јавуваат дека автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци, од правец на градот.

Засега не е позната состојбата на патниците и возачот на автобусот. Се наведува дека возач на друг автобус застанал со цел да помогне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Од вчера речиси цела Србија е под снег. ЈП „Патишта на Србија“, врз основа на Извештајот на Штабот за зимска служба во 5:09 часот наутро, објави дека има снег на многу делници од најпрометните патни правци од првиот, како и од вториот и третиот приоритет за одржување, со дебелина до пет сантиметри, додека површината на патот е важна, поради што се препорачува внимателно возење.