🎥МВР ги фати младите кои дивееја со автомобил по скопските булевари – едниот беше качен на хауба

од Nikola Popovski
113 прегледи

Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, na кои се гледаат млади деца кои го ризикуваат својот, но и животот на останатите учесници во сообраќајот , Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

На видеото се гледа едно младо момче качено на хауба од автомобил во движење, додека се снима за „ТикТок“.

-Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП, појаснуваат од МВР.

СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини