Навивачите на Ливерпул вчера немаа милост кон Арсенал на дербито, па за време на натпреварот меѓу двата тима, на трибините на „Енфилд“ имаше брутални повици.
Натпреварот заврши со резултат 2:2, а Ливерпул веќе ја прослави титулата што Арсенал ја чека од 2004 година.
„Топџиите“ им оддадоа почит на новите шампиони во Премиер лигата пред натпреварот меѓу двата тима стоејќи во ред додека „црвените“ излегуваа на теренот.
Сепак, навивачите на Ливерпул беа особено инспирирани, па на трибините се појавија транспаренти со кои се „тролаше“ најголемиот ривал оваа сезона.
На едниот имаше слика од менаџерот на Арсенал, Микел Артета, во свечен фустан со букет цвеќе, со натпис: „Секогаш деверуша, никогаш невеста“.
Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, исто така не беше заборавен, бидејќи му го зеде фотоапаратот на клупскиот фотограф по победата на неговиот тим од 3-1 над Ливерпул во февруари 2024 година.
„Насмевнете се, шампиони“, беше кратката порака покрај неговата слика што вчера беше прикажана и на трибините на „Енфилд“.