Шпанските медиуми синоќа објавија дека е избоден Мунир Насрауи (32), татко на Ламин Јамал (17), ѕвездата на Барселона и победник на актуелното Европско првенство со Шпанија. Насрауи бил избоден со нож на паркинг во шпанскиот град Матаро. Набрзо бил префрлен во болница, а последните информации велат дека е надвор од животна опасност.
Полицијата го презела случајот и успеала да лоцира неколку сведоци на инцидентот. Засега е јасно само дека Насрауи учествувал во тепачка на улица непосредно пред да биде избоден, а познат е идентитетот на тројцата напаѓачи.
Полицијата ги уапсила, а шпанските медиуми пишуваат дека за нападот е осомничено уште едно лице по кое се уште се трага. На социјалните мрежи се појави видео од расправијата што му претходеше на прободувањето.
🎥🚨 The moment of Lamine Yamal's father arguing this afternoon with some neighbours and the moment when police arrives. pic.twitter.com/39oSDPUX0T
— Lamine Yamal Xtra (@Yamal_Xtra) August 14, 2024
Потсетуваме, таткото на Јамал, Мунир, е од Мароко, а неговата мајка е од Екваторијална Гвинеја. Играјќи за Шпанија, Ламин Јамал носи фудбалски копачки со знамињата на африканските земји и истакнува дека е горд на своето потекло.
Јамал моментално е еден од најдобрите фудбалери во светот и вреди 120 милиони евра според Трансфермаркт.
За шпанската репрезентација има 14 гола и три асистенции.