569
Пред почетокот на вчерашната заедничка прес-конференција на македонскиот и косовскиот премиер, Христијан Мицкоски и Албин Курти дошло до грешка во протоколот.
Имено, зад говорниците биле поставени две знамиња, но покрај македонското знаме не се нашло косовското, туку знамето на ЕУ, објави албанскиот медиум „Топ чанел“.
Слични едно на друго – жолти ѕвезди на сина позадина, но косовското со картата од територијата, предизвикале забуна кај македонскиот протокол.
Сепак грешката била забележана и поправена, па знамето на ЕУ набрзо било заменето со косовското знаме, како што може да се види на објавеното видео.