Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денеска пред Министерството за култура информираше за тужбите поднесени од страна на вработените во културата за нивната пресметка на платите. Како што појаснија од СКРМ, тие ја добиле првата судска пресуда по поднесените тужби со која судот потврдил дека правата на културните работници биле повредени со незаконските решенија за плати.
-Со оваа пресуда, Судот утврди дека правата на културните работници биле повредени со незаконски донесени решенија за плати и дека законита основа мора да се почитува. Оваа прва победа е јасен доказ дека борбата за достоинството во културниот сектор е правно издржана, оправдана и заслужена. И покрај навремените предупредувања на СКРМ дека решенијата се неправно изготвени, Министерството остана глуво, а резултатот денеска го кажа Судот, рече Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ на прес-конференција пред зградата на Министерството за култура.
Со оваа пресуда, додаваат од Синдикатот за култура, се поставува темелот за сите останатите 799 постапки кои следуваат.
-Се потврди дека СКРМ бил во право, а одредени службеници во Министерството за култура, кои преку министерот за култура насила ги спроведоа овие решенија во институциите, додаде Атанасовска.