🎥Стоилковиќ ги разрешил службениците од ДУИ бидејќи поставиле душеци во канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците

На видеото објавено од Стоилковиќ се гледа дека покрај канцелариски мебел, во канцеларијата се поставени и душеци, како импровизирани кревети, а има и апарати за приготвување чај и тостови

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Фејсбук

Откако ДУИ објави дека се огорчени поради, според нив, скандалозниот и политички неприфатлив потег на министерот Иван Стоилковиќ, кој отпуштил седум вработени Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците – институција од клучно значење за спроведување на Охридскиот договор и за гарантирање на меѓуетничката еднаквост во државата, министерот објави видео од канцелариите каде што биле вработените.

На видеото се гледа дека покрај канцелариски мебел , во канцеларијата се поставени и душеци, како импровизирани кревети, а има и апарати за приготвување чај и тост сендвич.

„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку“, објави министерот.

Претходно од ДУИ обвинија дека министерството чија мисија е да ја штити меѓуетничката еднаквост свесно се претвора во очигледен пример за нејзино прекршување.

-Оваа акција не е ниту случајна ниту индивидуална, туку одразува пристап што директно го нарушува духот и принципите на Охридскиот договор, соопштија, меѓу другото, од Мала Речица.

ДУИ го обвинува Стоилковиќ дека отпуштил седум Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците

Слични содржини