🎥Угледен словенечки судија се обидел да украде парфем во Белград, бил фатен на камера

од Vladimir Zorba

ЕВРОЛИГАТА отвори дисциплинска постапка против еден од најугледните европски кошаркарски судии, Словенецот Матеј Болтаузер, кој на снимка беше фатен како краде шише скап парфем на аеродромот во Белград.

Видеото ексклузивно го објави Република Србија, која тврди дека инцидентот се случил на 5 декември 2023 година, по натпреварот од Евролигата помеѓу Партизан и Монако, а веста ја пренесоа сите кошаркарски медиуми.

Судијата кој работи на натпреварите од АБА лигата и Евролигата веднаш бил приведен на аеродромот во Белград, откако камерата во бесцаринската продавница на аеродромот Никола Тесла го снимила како во џебот од палтото го става парфемот Том Форд вреден 221 евро. Тој беше пуштен откако призна, што исто така спречи инцидентот да излезе во јавноста.

Но, откако Република го објави видеото, Евролигата отвори истрага и прибира информации врз основа на кои ќе ја одреди казната за словенечкиот судија, пишува Basketnews.

Болтауцер е меѓународен судија од 2003 година, а последен пат го водеше првиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата меѓу Панатинаикос и Макаби оваа недела, кој Израелците го добија со 91:87, а грчката страна остро се противеше на судењето.

Слични содржини