Верската советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Пола Вајт, ги повика своите следбеници да ѝ донираат 1.000 долари до Велигден за да можат – според нејзините зборови – „да добијат седум специфични натприродни благослови“. Овие благослови вклучуваат дека Бог ќе „испрати ангел да те чува“, „ќе им стане непријател на твоите непријатели“, „ќе ти донесе благосостојба“ и „ќе ги исцели твоите болести“.
Вајт, долгогодишен сојузник на Трамп, е позната по нејзините жестоки јавни молитви во негово име, вклучително и онаа што ја одржа на почетокот на митингот на 6 јануари 2021 година, непосредно пред нападот на Капитолот на САД.
Ова не е прв пат Вајт да бара пари во замена за „натприродна заштита“. Во март 2020 година, таа требаше да биде главен говорник на религиозната конференција во Феникс, Аризона, за која биле пуштени во продажба, и беше наведена како настан што ќе донесе „натприродна заштита од коронавирусот“ и „лек за секој вирус и чума“. По жестоките реакции, Вајт се повлече од конференцијата.
Во новото видео снимено од Right Wing Watch, Вајт уште еднаш ветува „натприродни благослови“ на оние кои донираат пари за нејзината евангелистичка служба, Paula White Ministries.
White House faith adviser Paula White says those who give her $1,000 or more before Easter will receive “seven supernatural blessings”:
“He [God] will take sickness away from you. He will give you long life." pic.twitter.com/44SLGGtThy— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) March 26, 2025
Вајт во снимката тврди дека седум посебни благослови може да се добијат во пресрет на празникот Велигден, ако некој „го почитува Бога“. Овие благослови – вклучително и „Божја заштита“, „исцелување“, „благосостојба“ и „победа над непријателите“ – исто така се детално наведени на нејзината официјална веб-страница.
„Не го правиш тоа за да добиеш ништо“, вели Вајт додека ги крева рацете, додека пијано тивко свири во позадина. „Направете го ова за слава на Бога, знаејќи што можете да примите“.
По нејзината изјава, во видеото се појавува наратор кој вели: „За вашата специјална велигденска понуда од 1.000 долари или повеќе, како што ве инспирира Светиот Дух, ќе добиете и прекрасен кристален крст висок 25 сантиметри. Не ја пропуштајте можноста да ослободите седум натприродни благослови и Божја одредба во вашиот живот!“
Видеото наиде на широки критики на социјалните мрежи, вклучително и реакции од други пастири, свештеници…