Српскиот претседател Александар Вучиќ одлучи да се проба во улогата на „лајфстајл“ инфлуенсер за време на престојот во Швајцарија, каде што присуствува на Светскиот економски форум во Давос, а на своите следбеници им даде детална „тура низ собата“ на сместувањето во Клостерс на Инстаграм.
Вучиќ објасни дека неговото сместување е оддалечено околу 20 километри од аеродромот и дека ова му е „единаесетти или дванаесетти пат“ на Светскиот економски форум, иако, како што вели, никогаш не престојувал директно во Давос.
„Ова е една од најдобрите соби овде. Ќе видите, сè е уредено во согласност со швајцарската скромност. Мебел во стилот на ИКЕА, едноставно дрво, ништо посебно. Креветите се малку кратки, за среќа нема „граничник“ за да можам да се истегнам“, рече Вучиќ, забележувајќи дека „не средил сè баш најдобро“.
Тој особено го истакна импровизираниот гардеробер, каде што, како што покажа, кошулите се уредно наредени, но и фактот дека во „специјалниот стан“ има можност сам да си направи чај.
„Фрижидерот е мал. Интересно е што тука ставиле волк“, рече Вучиќ, коментирајќи ја сликата на ѕидот, објаснувајќи дека волкот наводно е чест гостин на околните ридови.
View this post on Instagram
Претседателот на Србија потоа ја покажа дневната соба каде што прима гости, работни материјали и книги, вклучувајќи ја и книгата на Ерик Ларсон за Винстон Черчил, како и малата тераса, која ја опиша како „најубавиот дел“, иако, како што додаде, „не е баш за седење на минус пет“.
„Вака изгледаат сите куќи во Клостерс, сите куќи на сите хотели. Едноставно така е, убаво и удобно“, заклучи Вучиќ во видео објавата.
На крајот, тој откри дека вечерва се враќа во Белград, со емотивна порака за враќањето во татковината.
„Не можам да ви опишам колку се радувам на тоа чувство кога повторно ќе слетате на белградскиот аеродром и кога срцето ќе ви чука посилно затоа што сте назад во својата татковина“, рече Вучиќ.